• Иван Димовски
Ракометарите на Алкалоид го совладаа Вардар Неготино со убедливи 23-36 (16-17) и се пласираа на завршниот турнир во Купот на Македонија. Избраниците на Кирил Лазаров ја оправдаа фаворитската улога и запишаа историски настап во ова натпреварување.
- Целосниот натпревар меѓу Вардар Неготино и Алкалоид:
Стартот на мечот во „Автокоманда“ беше изедначен, неготинчани парираа во воведниот дел и се играше гол за гол. Алкалоид не успеваше да се одлепи, иако водеше почесто и беше во подобра позиција, па на одмор се замина со 16-17.
Во продолжението, момците на Лазаров како да уфрлија во брзина повеќе, се одлепија и почнаа да градат предност. Со неколку мини-серии, бргу водството порасна и се промени ситуацијата. Гостинот од Неготино загуби чекор и Алкалоид максимално го искористи тоа, па зачекори кон победата. На семафорот предноста константно растеше, пред сè поради многуте грешки и слабата реализација на Вардар Неготино кој даде само седум гола во вториот дел.
Најефикасен играч на мечот беше Лазар Адамовиќ кај гостите со девет гола, додека Дамјан Митев од Алкалоид финишира со седум, а шест даде Александар Стојков. Ова е прв пласман на Алкакоид на завршниот турнир во Купот на Македонија, каде што ќе се борат за трофејот со Пролет, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.