• Мартин Танасковски

Екипата на Вардар Неготино на домашен терен забележа важна победа над Мулти Есенс (32-26) и остана во игра за бараж или директен опстанок во Суперлигата.
- Комплетниот натпревар меѓу Вардар Неготино и Мулти Есенс:
Неготинци имаа контрола на мечот и заслужено се радуваа на победата. Избраниците на Котевски го држеа Мулти Есенс во резултатски минус цела средба. На полувремето резултатот гласеше 16-13 за домашните, а иако гостинот се врати на минус еден во вториот дел (20-19), Вардар го одбрани домашниот терен.
Петар Бугариновиќ имаше одличен меч со двванаесет гола, пред Лазар Адамовиќ со девет реализации, додека кај гостите, Димитар Узунчев даде седум, а Давид Димевски погоди пет пати.
Во следното коло Вардар Неготино игра со Еурофарм Пелистер 2, додека Мулти Есенс оди на мегдан со Прилеп.