• Зоран Мишевски
Ракометарите на Прилеп забележаа значајна победа во Неготино на дуелот против новиот суперлигаш Вардар Неготино во рамките од 12. коло на групата Б на Суперлигата. Екипата на Реваз Чантурија, кој денес мина долг период на теренот, се намачи, но со оглед на доминацијата од самиот старт, заслужи да победи. Финалните 28-29 (12-14) покажуваат и дека домаќинот демонстрираше силен отпор.
- Комплетниот натпревар меѓу Вардар Неготино и Прилеп:
Добрата одбрана им дозволи на прилепчани да постигнат неколку брзи гола преку Чантурија. Посебно расположен беше Шокоски, автор на шест гола во првите петнаесеттина минути, „Жолтите“ побегнаа на 6-11 во раната фаза и целосно го отпишаа новиот суперлигаш од идејата за рамноправен натпревар. Ташев и Михајловиќ реагираа и до одморот Вардар Неготино намали на 13-15.
Христи Бикоски одлично го отвори вториот дел, постигна неколку неодговорени голови и Прилеп се врати на комотни +5. Пеовски и Ташев погодија за серија 3-0 и Вардар Неготино намали на 22-23.
Тврдо и нервозно се играше во завршницата, Прилеп се одлепи на +3, но Вардар Неготино пак се врати на -1 на три минути до крајот. Чантурија погоди од седмерец за 28-29 на влезот во последната минута и ги разреши дилемите околу победникот.
Најефикасни кај Прилеп беа Шокоски со девет и Бикоски со седум погодоци, додека во тимот на Вардар Неготино се истакнаа Кузманов со шест. Пеовски со пет и Кочаров и Ташев со по четири гола.