• Мартин Танасковски

Тимур Дибиров, клупската икона на Вардар ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката.
Клубот и левото крило на Вардар се договорија за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра десеттата сезона во Скопје. Дибиров е еден од оние ракометари со најдолг стаж во клубот со кого се поврзауваат и најголемите клупски успеси на Вардар. Миленик на публиката и голем мотиватор на екипата.
Левото крило дојде во Вардар во 2013 година и оттогаш има освоено седум шампионски титули и седум куп титули. Покрај тоа со Вардар трипати го освои Суперкупот на Македонија, четирипати беше победник на СЕХА лигата и двапати беше европски првак.
Сега Вардар е на чекор до освојување на 15. титула во првенството и викендов ќе игра на Ф4 во Купот на Македонија.