Вардар не ги заборава европските херои: Подароци за Парондо и Кристопанс!

Ракометниот клуб Вардар 1961 пред натпреварот со Мелсунген во рамките на последниот натпревар од групната фаза на Лигата на Европа реши да им оддаде чест на европските херои. 

Пред стартот на средбата во СЦ „Јане Сандански“ официјалниот спикер ги повика Даинис Кристопанс и тренерот Роберто Гарсија Парондо да добијат симболични подароци. Тоа беа врамени фотографии од успехот во 2019 година и вториот освоен трофеј во Лигата на шампионите. 

Во таборот на Мелсунген настапуваш и Рожерио Мораеш, бразилскиот кружен напаѓач кој со Вардар, пак, ги освои двете европски титули.

Фото: РК Вардар1961 / Денис Дуковски