Вардар на рутина го надигра Партизан за втор триумф на турнирот во Охрид

Ракометарите на Вардар се радуваа на победа против Партизан од 26-32 (13-18) во рамките на второто коло од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Македонскиот тим по израмнетиот старт на средбата лесно ги надигра Србите и ја впиша втората победа во групата. 

  • Комплетнниот натпревар меѓу Партизан и Вардар:

Во средбата се влезе целосно израмнето и се играше гол за гол, а екипите се менуваа во водство. Првпат вардарци поведоа со повеќе од еден гол преку Срдановиќ (4-6), на што надоврзаа уште пет гола за да ја зголемат предноста на 4-11. Откако воспоставија контрола избраниците на Недановски лесно го бранеа убедливото водство. На одмор се замина со предност на скопскиот тим од 13-18. 

Партизан се обидуваше да фати резултатски приклучок, но кога ќе дојдеше на три или четири негатива, тука запираше или подобро кажано Вардар се консолидираше. Откако беа на 17-21 српските ракометари паднаа и не успеаја да го издржат темпото на македонскиот вицепрвак. Водството почна да расте и да расте и на моменти достигна максимални девет разлика. Сепак, на крајот Партизан се избори за прифатлив пораз од „минус шест“. 

Вардарци чекорат кон освојување на првото место во групата, а во другата група по таков пат оди Олимпијакос. Грчкиот првак во тешка пресметка го совлада Динамо Панчево со минимални 28-27.