ФОТО: Вардар му ги „искина“ нервите на Столе на дербито со Металург

Вардаровиот капитен Столе Стоилов доби поштеда од СЕХА-дербито против Металург, но во сала го следеше мечот, кој заврши со минимална победа на „црвено-црните“ (26-27).

Македонскиот репрезентативец кој е голем миленик кај вардаровите навивачи, ја следеше играта од зад голот. Потскокнуваше, се радуваше, но во еден момент „кинеше“ нерви поради грешките и шансата Вардар да го загуби мечот.

Големиот фаворит се спаси од Металург во финишот, кога го сврте мечот во своја полза, а можеше дуелот да заврши реми, да не промашеше Александер Шпенде, со звукот на сирената.