Вардар лудо го преживеа Нексе и ќе игра на Ф4 во СЕХА!

Вардар ја преживеа драмата со Нексе и ќе игра на Ф4-турнирот во СЕХА. Најтрофејниот клуб во регионалното натпреварување загуби од хрватскиот тим (25-26), но поради победата во Нашице од еден гол и повеќе постигнати погодоци, дојде до позиција да игра за титулата.

  • Играч на натпреварот: 

„Црвено-црните“ очекуваа на домашен терен далеку полесно да ја одбранат предноста од еден гол која ја стекнаа во Нашице, меѓутоа, ја загубија главата и едвај дојдоа до позиција да ја бранат ланската титула која ја освоија во Брест. Ристовски беше најдобар кога беше најпотребно, а мора да се апострофира и настапот на полскиот пивот Патрик Валчак кој изнуди пенал и стрелаше во последните две минути. За макеоднскиот првак ова ќе биде деветто учество по ред на завршните турнири во регионалното натпреварувацње.

Дуелот меѓу македонскиот и хрватскиот тим во СЕХА-лигата тргна доста изедначено. Се играше гол за гол, се до 8-8, кога Вардар го зададе првиот удар. Борко Ристовски фати три топки, Дисингер беше ефикасен во нападот, па „црвено-црните“ дојдоа до предност од 11-8. Потоа беше и 12-10, германскиот бек Дисингер имаше пет од пет, но Нексе не се предаде, па го искористи просторот и изедначи на 13-13.

Тоа беше резултатот и на паузата, а во вториот дел се водеше тешка битка. Истата можеше да биде полесна за Вардар, ако нападот ги користеше одбраните на Борко Ристовски. Македонскиот репрезентативец беше одличен измеѓу 40 и 50 минута, дојде до бројката од десет интервенции, арно ама нападот не даваше голови дури и на празен гол. На десет минути пред крајот, Нексе го зададе првиот удар. Од 19-19, Јагањац постигна гол за „плус еден“ за Нексе, а потоа откако Дисингер загуби топка, казни Бувиниќ за првпат на мечот гостинот од Хрватска да има два гола предност.

Лошото издание во тие минути како да му беше судено на Вардар, па Гаџа загуби нова топка, а Јагањац казни со нов гол, за највисоки 20-23 за гостинот, на пет минути пред финишот. Алушовски веднаш повика тајм-аут, но и тоа не помогна, Јагањац со нов гол го докусури македонскиот првак (20-24).

Но Вардар не би бил Вардар ако се предаде предвреме. Јагуриновски, Гаџа и Чупиќ направија серија од 0-3, Вардар дојде на 23-24, Јагањац пак погоди на спортивната страна (23-25), па Валчак возврати (24-25), пред влезот во последната минута. Халил Јагањац беше во елемент, пак стрелаше за Нексе, па во следниот напад, Валчак погоди за 25-26 на шест секунди пред крајот. Нексе тргна на се или ништо, ама немаше време.

Голема заслуга за овој резултат има Борко Ристовски кој мечот го заврши со десет одбрани. Кај стрелците први имиња беа Дисингер и Чупиќ со по пет гола, а феноменалниот Валчак постигна три, додека кај Нексе, Халил Јагањац имаше осум гола, но залудно.

  • Потег на натпреварот: 

Ф4-завршницата во Задар стартува на стартот на септември. Вардар ќе игра со ППД Загреб, додека втората полуфинална двојка е меѓу Веспрем и Мешков Брест.

Најнови вести од
СЕХА Лига