• Зоран Мишевски

Македонскиот шампион Вардар е предизвикан да реагира по домашниот пораз од Веспрем пред неполна една седмица. Експедицијата на СЕХА-првакот утрово замина за Скандинавија, каде утревечер ќе се сретне со првакот на Шведска, Кристијанштад.
Недоволно залечениот Вуко Борозан остана во Скопје и нема да настапи на претпоследниот натпревар од групната фаза. Црногорецот почувствувал болка во оперираното колено и превентивно нема да биде изложен на нови напори. Тој ќе продолжи да тренира во Скопје, а целта на Парондо е да го има максимално подготвен за нокаут фазата на Лигата на шампионите и завршницата на СЕХА лигата.
Натпреварот против Кристијанштад, Вардар го игра утре со почеток од 19:00 часот. Вардар е третопласиран во групата со бод помалку од Веспрем и еден повече од Рајн Некар Левен и Киелце.