Вардар ќе мора до Русија, Татабања исфрлена од СЕХА-лигата!

Екипата на Татабања од Унгарија во новата сезона нема да биде дел од регионалната СЕХА-лига, соопштија на интернет-страницата на натпреварувањето.

Унгарскиот тим не ги исполнил условите за настап во регионалното натпреварување и воедно меѓу двете страни постоеле големи несогласувања. Поради тоа, Татабања е исфрлена од СЕХА, а на нејзино место во натпреварувањето според најавите влегува Спартак Москва од Русија.

Така, Спартак Москва ќе биде ривал на Вардар, кој беше заедно со Татабања во групата „А“. Покрај европскиот и СЕХА-првак, во натпреварувањето игра уште и Еурофарм Работник, како дебитант, во групата „Б“.