Вардар ќе гостува кај Киелце во вториот ноќен термин во ЛШ

Мечот од осмото коло од Лигата на шампионите меѓу Киелце и Вардар ќе се одигра на 25 ноември во Полска, со почеток од 20:45 часот.

ЕХФ заедно со клубот домаќин и ТВ куќата што прави преноси го одбраа вториот вечерен термин за одигрување на натпреварот. Со тоа познати се термините и саатниците во првите десет кола од Лигата на шампионите.

Вардар ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите со несреќен пораз кај Мешков Брест, а во следната рунда го чека првиот домашен меч против норвешки Елверум, инаку енигма за „црвено-црните“ затоа што никогаш овие два тима не играле меѓусебна средба.