Вардар, Киелце, Хамбург: Спремна ли е ракометна Европа за ново изненадување?

Со петнаесет финалиња и десет европски титули, актуелниот бранител на тронот Барселона е најтрофејна екипа во клупскиот ракомет на континентот. Од регионот блескаат двете круни на Вардар, освоени во последните пет години, како и претходно двете титули на Загреб, две на Металопластика и по една на Бјеловар и Борац Бања Лука.

Од воведувањето на форматот со завршен турнир во Келн, изненадувањата се составен дел од ова натпреварување. Покрај двете вардарови круни, се издвојуваат и европските титули на Хамбург и Флензбург и најголемата драма која ја режираа Киелце и Веспрем.

Последни десет финалиња на Лигата на шампионите:
2010/11: Барселона – Сиудад Реал 27-24
2011/12: Кил – Атлетико Мадрид 26-21
2012/13: Хамбург – Барселона 30-29
2013/14: Флензбург – Кил 30-28
2014/15: Барселона – Веспрем 28-23
2015/16. Киелце – Веспрем 39-38
2016/17: Вардар – ПСЖ 24-23
2017/18: Монпелје – Нант 32-26
2018/19: Вардар – Веспрем 27-24
2019/20: Кил – Барселона 33-28
2020/21: Барселона – Алборг 36-23 

Најтрофејни ракометари се ѕвездите на „дрим-тимот“ на Барса на Валеро Ривера: Шчепкин, О Калахан и Масип.