Вардар Јуниор преку Борец ја запиша четвртата радост во Суперлигата

Македонскиот суперлигаш Вардар Јуниор се врати на победнички пат во македонскиот шампионат и на едно коло пред крајот на регуларниот дел, пред својата публика го совлада „фенерџијата“ Борец од Велес (37-16).

Младите вардарци и Борец играа рамноправно десетина минути, а потоа следеше доминација на домашниот тим. Резултатот беше изедначен до 10-9, што донесе и тајм-аут за домаќините и серија од 6-0, со која се дојде до првото поосетно водство.

На полувремето Вардар Јуниор имаше предност од 16-10, а во вториот дел, се поведе со двоцифрена предност (22-12) и истата ниту еднаш „црвено-црните“ не ја испуштија до самиот крај на средбата.

Најдобар кај Вардар Јуниор беше Ален Ќосевски со осум гола, Мартин Карапалевски даде шест, а Дарко Трајковски даде пет, додека кај Борец, Лазар Стојанов заврши со пет, додека Стефан Дамески постигна четири погодока.

За Вардар Јуниор ова е четврта радост во Суперлигата. Сега тимот е на осмото место, пред Прилеп и Борец. Велешани, пак, се заковани на дното и по 17 кола имаат 17 порази.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0