Вардар Јуниор освои важни бодови против Работнички

Екипата на Вардар Јуниор забележа важна победа во македонскиот ракометен шампионат и на гостувањето кај тимот на Работнички славеше со 26-35 (15-16), со што се направи чекор напред во борбата за опстанок.

  • Комплетниот натпревар меѓу Работнички и Вардар Јуниор:

Првиот дел беше изедначен, додека во вториот, младите вардарци беа далеку подобар ривал. По 30 минути игра на семафорот стоеше 15-16 за Вардар, додека вторите 30 минути Работнички ги отвори доста лошо, имаше проблем со реализацијата, а Вардар Јуниор тоа го искористи.

Најдобар во победата на Вардар Јуниор беше Ќосевски со осум погодока, додека Кукуловски беше второ име со осум гола, а кај Работнички, стандардно најдобар стрелец беше Палевски со седум погодока. Натпреварот беше невообичаено груб и домаќините собраа 14, а гостите 18 минути исклучувања. 

Вардар Јуниор сега е на шестото место во Суперлигата, додека Работнички останува осмопласиран.