ФОТО: Вардар ја „намести сцената“ за новата сезона, одржа официјалната фото-сесија

Ракометарите на Вардар направија уште еден чекор во подготовките за новата сезона, но овојпат надвор од теренот. Денешниот ден беше резервиран за официјалната фото-сесија на „црвено-црните“, која ќе биде основа за визуелниот идентитет на клубот во текот на сезоната.

Пред објективот на Денис Дуковски продефилираа сите првотимци и членовите на стручниот штаб, а беа изработени нови официјални фотографии и промотивни материјали кои клубот ќе ги користи во претстојната натпреварувачка година.

Од Вардар споделија и дел од атмосферата зад сцената, прикажувајќи ги подготовките, насмевките и моментите меѓу фотографирањата, најавувајќи дека навивачите наскоро ќе можат да ги видат новите визуели со кои клубот ќе ја дочека новата сезона.