Вардар избори трето СЕХА-финале по ред: Лекција за Мешков среде Брест!

Gol.mk на SEHA Final 4

Македонскиот шампион Вардар ќе игра трето финале по ред во СЕХА лигата, откако ја расипа белоруската забава и вечерва во „Викторија Арена“ го совлада Мешков Брест со 25-23 (14-10). „Црвено-црните“ одиграа доволно да го надиграат тимот на Каденас и да се изборат за можност за петта круна во регионалната лига. 

  • Извештај од натпреварот:

Дуелот започна израмнето и со наизменични реализации од двете страни. Кога Разгор во 8. минута погоди од транзиција, Белорусите првпат поведоа со +2. Бранителот на титулата возврати и Чупиќ и Стоилов брзо израмнија на 5-5. 

Точно на средина од првиот дел, одбраната на Вардар заврши лавовски дел од работата и Дибиров од контра донесе прва вардарова предност (7-6). Криза ги зафати ракометарите на Каденас и кога погоди Германецот Дисингер, домашниот стручен штаб повика минута одмор при 8-6. Се разбрани Милосављев и скоро десет минути Вардар не прими гол.

Разликата ја направи одбраната на „црвено-црните“ и по одбраната на зицер на Милосављев, Игор Карачиќ погоди на празна мрежа за +4. Иако и Пешиќ беше расположен, сепак разликата ја направи Милосављев и Вардар на одмор замина со 14-10, откако Кристопанс постигна супер-гол со звукот на сирената.

Белорусите подобри го отворија вториот дел и Обрановиќ и Ивиќ погодија за 14-12. Со само еден гол во 12 минути, Вардар затаи, па Шумак од линијата од шест метри погоди за 17-16, па Петар Ѓорѓич за израмнување. Србинот во 45. минута постигна ефектен гол за водство на Мешков Брест и минута одмор за Парондо. 

Со серија израмнување се влезе во последните десет минути, а заради екстремно груб прекршок на Шумак врз Карачиќ, словачките судии му покажаа директен црвен картон. Карачиќ и Горбок на празен гол погодија за целосен пресврт (23-21). Одбраната на Вардар и Милосављев како во најдобрите денови ги одби домашните обиди и македонскиот шампион без треперење го доби дуелот со 25-23.

Најдобри поединци во таборот на Вардар беа Стоилов со седум и Кристопанс со пет погодоци, а кај домашниот Мешков Брест одлично одигра Ѓорѓиќ и Баранау со по три гола. Милосављев блескаше со 15 интервенции, а одличен беше и Пешиќ со 11 одбранети топки.

  • Потег на натпреварот: 

  • Играч на натпреварот:

Финалниот натпревар против ППД Загреб се игра утре во 19:00 часот во „Викторија Арена“.