Вардар испрати пријава за учество во Лигата на шампионите следната сезона

Ракометниот клуб на Вардар ја одбрани титулата во домашниот шампионат што значи дека и идната сезона ќе ја брани честа на македонскиот ракомет во европската елита.

Македонската куќа на ракометот ја информираше јавност дека до ЕФХ ја достави потребната пријавата за учество на „црвено-црните“ во Лигата на шампионите, по што сега се чека само на потврда од страна на Европската ракометна федерација.

„Ракометната федерација на Македонија ја достави пријавата на Вардар 1961 до Европската ракометна федерација во предвидениот рок за учеството на Лига на шампиони за сезона 2021/22. Им посакуваме многу спортски успеси во сезоната Лигата на шампипните 2021/22“, велат од националнаѕа федерација.

Вардар е двократен европски шампион, а во тековната сезона беше сопрен во осминафиналето, со двата порази од Веспрем.