Златна вардарова четворка специјализирана за СЕХА-титули!

Вардар ја освои четвртата титула во СЕХА лигата, откако на домашен терен славеше над ППД Загреб со 26-24 во интересниот финален двобој. Четворица „црвено-црни“ ракометари досега ги имаат трите титули од Загреб, Нови Сад и Брест.

Стојанче Стоилов, Илија Абутовиќ, Страхиња Милиќ и Игор Карачиќ на претходните ја додадоа и оваа од Скопје, што за српскиот одбранбен играч ќе биде и последна во вардаровиот дрес, додека останатите тројца ќе имаат шанса следната година да ја продолжат доминацијата.

Вардар е најуспешниот тим во историјата на СЕХА, со четири трофеја. По победите во Загреб Нови Сад, Брест, сега вардарци се радуваат на регионален трофеј и прд своите навивачи во Скопје.