Вардар има нова шанса да ја прекине кризата на гости кај Кил

Македонскиот првак Вардар 1961 ќе има тешка задача на гостувањето кај Кил во рамкиte од деветтото коло од тековната сезона во Лигата на шампионите.

Бундеслигашот ќе биде нова прилика за „црвено-црните“ да ја прекинат лошата низа резултати на европската сцена. Со оглед на тоа како игра пред своите гледачи, тимот на Филип Јиха ќе биде нова висока пречка за прескокнување за вардарци.

Одличниот старт на групната фаза на нашиот шампион веќе е минато. Моментално се разговара само на петте последователни порази, кои донесоа значителен пад на табелата за вардаровите ракометари. Евентуален неуспех во Германија ќе ја отвори вратата за ППД Загреб и Мешков Брест да се доближат до местото на Вардар.

Ниту традицијата не е на страна на Веселин Вујовиќ и неговите избраници. Последните пет пресметки завршија во полза на „зебрите“, кои се фаворити за бодовите и на денешното соочување. Македонскиот тим има само две победи во меѓусебните дуели со германскиот гигант.

Вардар ќе игра без Анте Гаџа кој има вироза, а ќе биде и без Борко Ристовски на голот. Тоа носи дополнителни главоболки за предводникот на вардарци во пресрет на ова тешко гостување.