Вардар има четири позитивни на корона, го прати цел Киелце во изолација!

Нов проблем во македонскиот ракометен првак Вардар, откако тимот пријавил нови играчи заразени со вирусот ковид-19 и тоа се работи за ракометари кои играле против Киелце во Лигата на шампионите.

Од таборот на се уште актуелниот европски првак нема информација на оваа тема, но затоа одговорно ја споделија од Киелце и го одложија следниот натпревар против Азоти Пулави.

„Киелце доби информација за четири позитивни играчи на коронавирус во редовите на Вардар, кои во средата, на 25 ноември, играа во салата „Легионов“. Поради тоа, целата екипа на Киелце оди во самоизолација која ќе трае до први декември“, соопштија од Киелце.

По оваа несакана ситуација, под знак прашалник се двете гостувања на Вардар во Лигата на шампионите кај ПСЖ и Порто.