• Мартин Танасковски
ЕХФ ги објави официјалните состави на Вардар и Висла Плок за вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ во Полска ќе настапат со истите ракометари кои беа во комбинација и за првата пресметка во Скопје.
Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, нема да може да смета на суспендираниот Урош Митровиќ и повредениот Милан Бомаштар.
На спротивната страна, стратегот на Висла Плок, Чави Сабате, исто така се одлучи за истите ракометари кои му донесоа триумф на неговиот тим во Скопје.
Натпреварот меѓу Висла Плок и Вардар ќе се игра во „Орлен Арена“, со почеток од 20:45 часот.

