• Мартин Танасковски

Како што беше најавено, Вардар 1961 и Струга им оддадоа почит на жртвите во трагедијата во Кочани пред натпреварот во Суперлигата.
Мечот меѓу двата тима почна со минута молк за настраданите, а играчите на загревањето пред мечот носеа посебно дизајнирани маички и мечот го играат во спортска гарнитура со темна боја.
Цела Македонија тагува за 59-те жртви во пожарот во ноќниот клуб, а ова е една од најголемите трагедии во историјата на земјата.
ФОТО: РК Вардар 1961


