Вардар и ПИК Сегед добија јунски термини за осминафиналето на ЛШ

Ширењето на коронавирусот предизвика отежнување во одигрување на планираните европски натпревари, во машка и женска конкуренција. Спoред предвидувањата наскоро нема да има ракометни натпревари. Со оглед на ваквата состојба, Европската ракометна федерација како раководно тело на европскиот ракомет презентираше план за потенцијален повторен старт на европската ракометна сезона.

Постојат неколку опции за доигрување на сезоната во европските клупски натпреварувања, а Вардар е единствен македонски преостанат претставник во нив. Европскиот првак и ПИК Сегед требаше да играат на 22 март во Скопје и на 29 март во Сегедин, но денес натпреварите добија нови термини.

<<< ПОВРЗАНО - ЕФХ донесе одлука: Ф4 во Келн презакажан за во август

Првиот натпревар во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ако пандемијата со ковид-19 дозволи, ќе се одигра на 3 или 4 јуни, додека реваншот во Унгарија би требало да се игра 6 или 7 јуни. Ако се пласира во четвртфиналето, Вардар ќе игра за четврти „фајнал-фор“ по ред на 24 или 25 јуни, како и на 27 или 28 јуни.

Најдоцна на 15 мај ќе биде потврдена одлуката или натпреварите ќе бидат откажани.