• Мартин Танасковски

По заминувањата на Тимур Дибиров и Дејан Манасков, најтрофејниот македонски ракометен колектив, Вардар, на левата крилна позиција го има Марко Срдановиќ.
Српскиот интернационалец бележи одлични партии во дресот на „црвено-црните“, кои влегоа во бележникот на најдобриот ракометен колектив од Србија – Војводина.
Крилото така реши да се врати дома и да се договори со екипата од Нови Сад која му даде конкретна понуда за иднината.
Левото крило покрај за Вардар 1961 играше и за Металопластика во Србија.