• Иван Димовски

Ракометниот клуб Вардар 1961 преку социјалните мрежи соопшти за промена на терминот на мечот со Бутел Скопје.
Поради европските обврски, вардарци добија дозвола и во координација со противникот и РФМ добија нов термин. Така, натпреварот од петтото коло во суперлигашкиот плеј-оф наместо да се одигра по Велигден, закажан е за в четврток.
Средбата ќе се одигра во терминот од 15:15 часот во малата сала при СЦ „Јане Сандански“, а влезот ќе биде слободен.
Вардар на 28 април му гостува на Монпелје во првиот меч од четвртфиналниот двомеч во Европската лига на ЕХФ.

