Вардар и Алкалоид го испочитуваа Бошковски и порачаа: „Почивај во мир...“ (ФОТО)

Најинтересната пресметка во четвртата рунда на Суперлигата на Македонија се игра во СЦ „Јане Сандански“ меѓу Вардар 1961 и новајлијата Алкалоид. Сепак, натпреварот меѓу скопските екипи започна со негативна конотација откако утрово пристигна информацијата за смртта на Андон Бошковски. 

Прославениот македонски тренер има поврзаност со двете екипи, тој е екс-тренер на Вардар, а беше голем пријател со селекторот на Македонијаи предводник на Алкалоид, Кирил Лазаров. Поради тоа, дуелот меѓу двете екипи започна со минута молк, но играчите на терен излегоа и со маички во чест на починатиот 47-годишник на кои пишуваше: „Почивај во мир Доне“. 

И претходните натпревари во Суперлигата тргнаа со минута молк во чест на човекот кој даде многу на спортот во земјава.