ВИДЕО: Вардар губеше со девет гола, но пак го победи Еурофарм во Битола!

Еурофарм Работник доживеа пораз во рамки на третото коло во плеј-офот на Суперлигата, откако во меч со фаворитот Вардар имаше добар резултат, но го прокоцка водството, па на крајот мораше да се помири дека останува со празни раце (28-30). 

  • Целосниот натпревар на Еурофарм Работник и Вардар:

Вардар во одреден дел од мечот губеше и со девет гола, но потоа почна да игра максимално сериозно и со главните ѕвезди на теренот дојде до тешка победа над „фармацевтите“. За Вардар ова беше втора победа во два дена, по успешниот старт на плеј-офот во македонскиот шампионат против Пролет.

Домаќините започнаа агресивно во одбраната, Трајковски се разбрани, а со почетни голови на Остроушко и Кузмановски, битолчани поведоа со 5-1. Парондо веднаш повика тајм-аут и се обиде да ја организира екипата. Но, вардарци наидоа на многу мотивиран ривал кој имаше голем број расположени ракометари. Следеше серија на Ѓукиќ, голови на Никола Маркоски од линијата за огромни +8 во 18. минута.

Расположениот Благојче Трајковски одбрани неколку зицери, вардарци невообичаено грешеа и првиот дел заврши со високи 18-10 за Еурофарм Работник. Сепак, на почетокот од вториот дел вардарци ја стегнаа одбраната, од 20-12 за час стигнаа до 20-17 и Алушовски побара минута одмор во 39. минута.

Во последните десет минути, Вардар влезе со негатива од два гола (26-24), а за шеесетина секунди, Кристопанс и Дибиров врзаа два гола, па првпат се изедначи (27-27). Веднаш потоа, Еурофарм направи техничка грешка, Шишкарев тргна во контра, па погоди за прва предност на Вардар (27-28), по што Алушовски повика нов тајм-аут. Тоа донесе погодок за 28-28, но на спротивната страна, на 90 секунди пред крајот погоди и Скубе. Еурофарм во својот нареден обид не погоди поради добрата поставеност на Милосављев, а за крај, Вардар даде уште еден погодок за конечни 28-30.

Најдобар кај Вардар беше Дибиров со осум гола, Шишкарев постигна четири, исто како и Кристопанс, додека кај Работник, Кузмановски беше стрелец на осум погодока, а Маркоски и Ѓукиќ имаа по пет.

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 9 8 0 1 295:252 43 24
2 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 9 7 0 2 284:229 55 21
3 МеталургМеталург 8 5 0 3 250:244 6 15
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 8 2 0 6 211:225 -14 6
5 ПелистерПелистер 9 2 0 7 249:279 -30 6
6 Пролет 62Пролет 62 9 2 0 7 223:283 -60 6