• Саше Љолес
Управата на двократниот европски шампион, Вардар 1961, го засили својот стручен штаб и го доведе во своите редови Аугустин Франциско Бу, кој ќе му помага на првиот тренер, Гиљермо Милано.
Новиот член пристигна од екипата на Колштад, каде работеше со младинскиот шампион на Норвешка, а исто така беше дел и од тимот на Бјасен, во кој ја имаше улогата на аналитичар. Зад себе има искуство и во аргентинската репрезентација, а во минатото веќе соработуваше со тренерот Милано.
Франциско Бу е во Скопје веќе извесен период. Работеше на подготовката за натпреварите против Алкалоид и Мелсунген, каде вардарци извојуваа две победи. Сега ќе работи како помошник на Милано, а во стручниот штаб е и нашиот Стојанче Стоилов.