Вардар го претстави гостинскиот дрес, со златна симболика и во чест на 65. роденден!

Ракометниот клуб Вардар 1961 го претстави новиот гостински дрес со кој „црвено-црните“ ќе настапуваат во сезоната 2026/27.

Новиот дрес носи посебна симболика, бидејќи е инспириран од 65-годишниот јубилеј на клубот. Во дизајнот покрај белата, доминира златната боја, која треба да го одбележи значајниот јубилеј и богатата историја на еден од најпознатите македонски спортски колективи.

Од клубот најавија дека гостинскиот дрес наскоро ќе биде достапен и во продажба за навивачите.
„За името свето на дресот“, порачаа од Вардар при промоцијата на новата опрема.