• Сашо Поповски

Последниот предизвик за Вардар во Лигата на шампионите ќе биде француски Монпелје. Европскиот првак ќе се обиде победнички да ја заврши групната фаза, а од денес влезниците за овој меч се пуштени во продажба.
На првата средба во септември минатата година, „црвено-црните“ запишаа бодови со победа од 31-33.
Цената на поединечните билетите за натпреварите со Монпелје:
- трибина - 350 денари
- А блок - 400 денари
Онлајн продажбата ќе се извршува преку сервисот www.ticketplus.mk.
Дуелот е закажан за 29 февруари во СЦ „Јане Сандански“. Една недела претходно, вардарци ќе му гостуваат на Порто во претпоследното коло.