Вардар го потврди трансферот на хрватскиот репрезентативец! 

Maкедонскиот суперлигаш Вардар го потврди доаѓањето наталентираниот хрватски репрезентативец Леон Љевар, кој доаѓа во Скопје веќе од следната сезона,. 

Љевар, роден во Ријека, Хрватска, е висок 198 см. и настапува на позицијата лев бек. Доаѓа од словенечкиот клуб Слован каде што оваа сезона остави силен впечаток со одлични игри во Европската лига - постигнувајќи дури 44 гола и истакнувајќи се како еден од најзначајните стрелци на својот тим. 

Покрај клубските успеси, Љевар е и член на хрватската репрезентација, каде што неодамна имаше силни настапи и ги привлече вниманието на ракометната јавност низ Европа.

Поради мала повреда мораше да го пропушти ЕП во Данска, Шведска и Норвешка иако беше на списокот на хрватскиот селектор. Љевар со Вардар потпиша договор на две години.