Вардар го потврди новото српско име и најави други засилувања

Талентираниот српски лев бек Стефан Петриќ (22) во следните две сезони ќе биде член на РК Вардар 1961, потврдија од скопскиот клуб.

Повеќекратниот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот, донесе засилување кое во иднина треба да биде еден од играчите со кои почнува освежувањето на тимот и создавање на екипа која ќе настапува в година.

Петриќ доаѓа од екипата на Партизан каде досега настапуваше и ова ќе биде негово прво интернационално искуство. Тој е дел од младинската репрезентација на Србија и настапуваше и на Светското првенство за играчи до 19 години што се одржа во Македонија.

Тој е син на поранешниот играч на Вардар, Владимир Петриќ кој во својата кариера ја заврши токму во дресот на „црвено-црните“. Наскоро ќе следуваат и нови засилувања и потврда на играчите што ќе настапуваат во иднина во Вардар.