Вардар го понижи Текстилец и се пласира во четвртфиналето од Купот

Ракометарите на Вардар немаа проблем да го победат Текстилец (47-11) и да се пласираа во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Големиот фаворит во натпреварувањето не му даде никаква шанса на противникот. Од самиот старт пристапи сериозно и направи голема позитива, па остатокот од мечот беше го одигра на рутина. Стевче Алушовски го искористи овој натпревар за да ротира и да сочува сили за остатокот од пролетната сезона.

Уште во првите 30 минути се најавуваше дебаклот на штипјани. Тие постигнаа само пет, а примија дури 22 гола, што доволно кажуваше за разликата во квалитет.

Следуваше серија на вардарци од 12 неодговорени гола во продолжението. Долго време Текстилец не можеше да го промени бројот на постигнати голови. Текстилец се помири со вицокиот пораз кој беше изразен со конечен резултат од 47-11

Јагуриновски постигна 14, еден помалку реализира Димитриоски, а со десет погодоци заврши Карапалевски. Кај гостинскиот тим се истакна Петров со седум погодоци.