Вардар го официјализираше трансферот на искусниот Марко Вујин

Откако веќе беа најавени новите засилувања во таборот на Вардар, на клупскиот Фејсбук профил деновиве беа и потврдени трансферите. 

По официјализацијата на Јосип Векиќ, Анте Гаџа, Гоце Георгиевски и Филип Талески, сега и официјално член на Вардар е искусниот српски ракометар Марко Вујин. 

  • Официјална потврда на потписот: 

35-годишниот десен бек својата богата кариера ја започна во Синтелон, а го привлече вниманието на себе со настапите во Дунафер. Вујин доби повик и го засили Веспрем во 2006 година, каде играше до 2012 пред да прејде во германскиот гигант Кил. Минатата сезона ја мина во Спортинг, од каде се реши да дојде во Скопје и да го облече дресот на Вардар.