Вардар го одработи последниот тренинг пред патувањето во Германија кај Кил

Ракометарите на Вардар веќе в среда ќе се вратат на обврските во Лигата на шампионите, кога му гостуваат на лидерот во групата Б, Кил. Пред патувањето во Германија, вардарци го одработија и последниот тренинг на домашно тло. 

  • Објава на РК Вардар на Фејсбук: 

Вардар убедливо го загуби првиот дуел во Скопје од Кил (20-31), но тогаш играа под водство на Едуард Кокшаров. 

Новиот стратег Стевче Алушовски нема да смета на услугите на Даниил Шишкарев, но во составот за првпат на официјален натпревар ќе се најде Хозе де Толедо. 

Средбата против Кил во „Шпаркасен Арената“ се игра в среда со почеток од 19:00 часот.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4