Вардар го доби последниот ривал во групите на Европската лига

Хрватскиот тим Сесвете обезбеди историски пласман во групната фаза на ЕХФ Лига Европа, каде што ќе биде и еден од ривалите на македонскиот вицепрвак Вардар. Составот од Загреб е предводен од искусниот тренер Жељко Бабиќ, добро познат на македонската јавност поради својата претходна работа во Еурофарм Пелистер.

Сесвете до групната фаза стигна преку двомеч со Дуго Село. По поразот на првиот натпревар (32-29), хрватскиот претставник реваншот славеше со 35-24, што им донесе најголем успех во клупската историја.

Во групата покрај Вардар и Сесвете, ќе настапат уште и Тулуз (Франција) и Кристијанштад (Шведска).