Вардар главната фаза во ЕЛ ќе ја отвори и затвори со гостувања во Португалија и Германија

Македонскиот вицешампион Вардар 1961 со победата над Тулуз во последното коло го потврди пласманот во главната групна фаза на Европската лига и меѓу шеснаесетте најдобри ќе влезе од првата позиција. Познато е дека во новоформираната група Мелсунген ќе пренесе четири, Вардар 1961 и Кристијанштад по два, а Бенфика е без бодови.

Веќе е познат и распоредот на натпревари напролет, кога ќе се води битка за место на завршниот турнир во мај.

  • Распоред на Вардар 1961 во главната групна фаза на ЕЛ:

17/02.2026 - Бенфика - Вардар 1961
24.02.2026 - Вардар 1961 - Мелсунген
03.03.2026 - Вардар 1961 - Бенфика
10.03.2026 - Мелсунген - Вардар 1961

Минатата сезона Вардар 1961 во Европската лига немаше особен успех и испадна во првата групна фаза.