Вардар ги собра личните признанија на турнирот во Охрид

Ракометарите на Вардар 1961 го кренаа трофејот на третоот издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Во финалето вардарци беа подобри од Алкалоид (23-25) и заслужено го освоија турнирот. 

Сосема очекувано, како единствена екипа која заврши без пораз Вардар ги собра личните признанија.

За најдобар ракометар на турнирот беше одбран украинскиот лев бек Дмитро Хориха кој го реши финалето со Алкалоид. Најдобар голман беше одбран Мигел Еспиња Фереира, откако на сите натпревари комбинираше 36 интервенции, од кои 11 само во финалето. 

Најдобар стрелец на турнирот во Охрид беше Божо Брновиќ од Ловќен со 21 гол на своето конто.