Вардар ги пушти во продажба билетите за клучниот меч со Бенфика во ЕЛ

По одличниот настап против Мелсунген  и сигурната победа од 37-33 екипата на Вардар 1961 во својот храм „Јане Сандански“ ќе ја пречека екипата на Бенфика, во последниот домашен натпревар во втората фаза од Европската лига на ЕХФ.

Атмосферата против бундеслигашот беше на завидно ниво, а клубот очекува да биде така и на соочувањето со тимот од Лисабон, кој е од круцијално значеше за вардарци. Билетите за овој натпревар веќе се пуштени во продажба која ќе се одвива преку онлајн платформата на www.ticketx.com.mk и на блетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот. Купување на билет можете да направите на следниот линк - https://ticketx.com.mk/events/vardar-benfica. Натпреварот Вардар - Бенфика е закажан за на трети март во 20:45 часот.

Вардар е на втората позиција на табелата со четири бода, колку што има Бенфика која што славеше во Лисабон во нивното прво соочување.