Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот со Алкалоид

Новиот ракометен суперлигаш, Алкалоид, викендов за првпат во клупската историја во Суперлигата ќе ги одмери силите со двократниот европски шампион Вардар 1961.

Домаќин ќе биде салата „Јане Сандански“, а бранителот на титула веќе ги пушти во продажба билетите за овој натпревар. Продажбата на билетите ќе се врши онлајн и преку продажната мрежа на MkTickets. Два часа пред натпреварот ќе работи и билетарницата пред салата. Цените на билетите се 50 и 100 денари.

Двете екипи одлично ја започнаа новата сезона и имаат максималан број на бодови, па затоа нивната пресметка може да се окарактеризира како дерби на четвртото коло во Суперлигата.

Натпреварот меѓу Вардар и Алкалоид е закажан за в сабота (24 септември) во 18:30 часот.