Вардар е комплетен: Со Македа и Мораеш против Криситјанштад

Раул Гонзалез, стратегот на македонскиот и европски ракометен првак Вардар, велеше дека има проблеми со повредени играчи, поточно со Хорхе Македа и Рожерио Мораеш, но како што изгледа тоа било само „замка“ за противникот.

И двајцата вардарци се најдоа во составот за натпреварот против Кристијанштад, кој се игра попладнево (17.30 часот) во СЦ „Јане Сандански“. Вардар сака продолжување на победничкиот од и зацврстување на првото место во Лигата на шампионите, а ситуацијата сега за такво нешто е перфектна.

„Црвено-црните“ се лидери во групата А, а евентуален финиш на лидерската позиција по одигрувањето на сите мечеви од првата фаза ги носи директно во четвртфиналето. Дуелот против Кристијанштад ќе биде последен за Вардар во Лигата на шампионите оваа година.