Вардар доби втора стаклена плоча пред „Ланксес Арена“ во Келн

ЕХФ Вардар

Шампионската екипа на Вардар доби ново признание пред салата „Ланксес Арена“ во Келн.

Таму се наоѓа популарната „Ball od Fame“, а македонскиот првак вторпат во три години добива стаклена плоча пред салата во која пред три месеци го надигра Веспрем и ја освои втората европска титула во својата историја.

На церемонијата присуствуваа првиот човек на ЕХФ, Мајкл Видерер и градоначалникот на градот, Елфи-Ско Антверпес. 

„Ова е специјална прилика во која вторпат му оддаваме почит на Вардар. Би сакал да му се заблагодарам на градот Келн што ни овозможува да ја одржуваме завршницата во Лигата на шампионите во оваа сала. Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи уште многу години“ , рече претседателот на ЕХФ.

Новата сезона во Лигата на шампионите започнува на 11 септември, а бранителот на титулата Вардар ќе ја започне одбраната на трофејот три дена подоцна, кога ќе му гостува на Монпелје.