Вардар доби нови термини, во три дена на гости кај ПСЖ и Порто

Екипата на Вардар еден ден по поразот од Киелце во Полска го дозна терминот во кој ќе треба да го одигра заостанатиот натпревар против ПСЖ во Лигата на шампионите.

Вардарци против ПСЖ ќе се сретнат на 1 декември во Париз. Клубовите во соработка со ЕХФ договорија нов термин, откако претходно средбата беше одложена поради два случаи на заразени членови на Вардар, а беше планирана за крајот на октомври.

Со тоа ќе Вардар ќе одигра еден од трите одложени натпревари оваа сезона во европската елтита. Останува да се договорат дополнителните термини за дуелите со Елверум во Скопје и ПИК Сегед во Унгарија кои исто така беа одложени на почетокот на сезоната.

Истовремено направена е промена и на терминот за средбата со Порто, исто така гостински натпревар што сега ќе се одигра на 4 декември. Овој меч првично беше планиран за 3 декември. Но, откако беше договорено дека  Вардар ќе игра со ПСЖ на 1 декември, договорено е средбата во Португалија да биде поместена за еден ден.