Вардар директно во групи на Европската лига, се чека на Алкалоид!

Македонија во Европската лига на ЕХФ ќе има најмалку еден претставник, затоа што Вардар 1961 профитира од „вајлд-картата“ на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите и доби место во групите.

„Црвено-црните“ со второто место на табелата чекаа епилог што ќе биде со шампионот на Македонија, а откако тој е позитивен, тоа го радуваа и најтрофејниот. Вардар 1961 ќе биде директно во групите на Европската лига на ЕХФ.

Се чека на статусот со Алкалоид, кој како освојувач на Европскиот Куп на ЕХФ може да игра исто така директно во Европската лига на ЕХФ. Тимот од Автокоманда побара место во Европската лига и го чека расплетот на европската куќа на ракометот.

Ситуацијата со учесниците во групната фаза и во квалификациите на Европската лига ќе се знаат на почетокот на јули.