Вардар броеше до 43 против Бутел, за „пет од пет“ во плеј-офот!

Македонскиот ракометен шампион Вардар запиша нова убедлива победа во плеј-офот на Суперлигата, петта во низа, откако на гости рутински славеше над тимот на Бутел Скопје со 31 -43 (12-24).

  • Целосниот натпревар меѓу Бутел Скопје и Вардар: 

Парондо се реши поголемиот дел од првотимците да ги седне на клупа, па мечот го започна со Кизиќ на голот и Неданоски, Војводиќ и Кисељев во нападот. Израмнето беше само во првата минута, кога Бутел успеа да израмни на 1-1, за потоа преку брзи голови на Наданоски и Шишкарев, Вардар ја започна својата иницијатива и се одлепи на четири гола позитива (1-5). 

Бутелци за момент намалија на -3 (3-6, 5-8), но шанса добија Горбок и Поповски, па вардаровото водство порасна на +6 (10-16). Со голот на Скубе во самиот финиш од првиот дел „црвено-црните“ за првпат стигнаа до двоцифрена предност, а на одмор заминаа со највисоки +12 (12-24).

Ниту во вториот дел работите на терен не се променија. Избраниците на Парондо рутински го чуваа водството кое од во еден момент беше и +17, но на крај полуфиналистот на Купот на Македонија успеа да намали на 12 гола негатива (31-43).

Владо Недановски со десет и Јања Војводиќ со осум реализации беа најефикасни во победничкиот табор, а крилото Мирко Мајиќ со 14 и Алексеј Григориев со осум погодоци се истакнаа во тимот на Котевски. 

Вардарци уште утре ги продолжуваат настапите од домашната сцена, откако во салата „Боро Чурлевски“ ќе гостуваат кај битолски Пелистер (18:30 часот).

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 8 0 2 324:284 40 24
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 МеталургМеталург 10 6 0 4 307:303 4 18
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0