Вардар без Недановски и Диви заминува за Шведска

Македонскиот ракометен првак, екипата на Вардар го одреди составот за првиот меч од ракометната Лига на шампиони против Кристијанштад.

Од тимот отсутен ќе биде Владо Недановски поради болест, а од тројцата голмани изоставен е Петар Ангелов - Диви. За првиот меч на располагање Гонзалез ќе има вкупно 16 ракометари. Вардарци во Шведска ќе одработат два тренинга, еден вечерва и еден утре.

Натпреварот меѓу Кристијанштад и Вардар се игра в недела во 16.15 часот.