Вардар без Кристопанс замина за Киелце

Македонскиот и европски ракометен првак Вардар е пред нов предизвик во Лигата на шампионите и гостува кај полски Киелце, а повторно тимот ќе има проблем во бековската линија затоа што е хендикепиран.

Со тимот за Полска не отпатува Даинис Кристопанс, кој се здоби со повреда на дуелот против Војводина во СЕХА-лигата. Летонскиот „џин“ не играше во Скопје против полскиот првак, исто така пропушти и дуел во регионалното натпреварување со Мотор Запорожје, а нема да помогне и на гости.

Енигма е и ситуацијата со Кристијан Дисингер, кој се повреди на последниот меч со Мотор во СЕХА, но со него ситуацијата се прати и може да биде во комбинација за настап на незгодното гостување.

Натпреварот меѓу Киелце и Вардар се игра в сабота од 18:00 часот.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4