Вардар - Барса е сонуваното финале за светска титула и за реванш од 2017-та

Денес со натпреварот меѓу Сиднеј и Кил официјално ќе почне 13-тото издание на Супер Глоуб. За првпат натпреварувањето ќе се одржи во Саудиска Арабија, по децениска организација на главниот град на Катар, Доха. 

На Супер Глоуб покрај Вардар ќе играат и екипите на Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен победник), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њујорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија) и Кил (Германија). Екипите се поделени во две групи и се игра по принцип на елиминација.

Вардар ќе игра директно во четвртфиналето и го чека победникот од дуелот меѓу Ал Мудхар и Њујорк. Со оглед на тоа дека „црвено-црните" се фаворити се очекува да се пласираат во полуфиналето, таму веројатно ривал би бил Кил од Германија.

Германците бидејќи добија „вајлд-карта" од домаќините ќе играат прво во квалификациите за четвртфиналето. Таму нивен ривал ќе биде екипата на Сиднеј. Потоа во четвртфиналето победникот од тој меч треба да игра против Замалек. Подобриот тим ќе се пласира во полуфиналето

Вардар пред две сезони исто така играше на Супер Глоуб и го освои третото место, откако во полуфиналето од „црвено-црните“ подобра беше Барселона.