Вардар го позајми Мохамед Тарик Бака во Пролет

Екипата на Вардар се ослободи од еден од бековите, откако се реши Мохамед Тарик Бакар да го прати на позајмица.

Тунижанецот кој во пролетниот дел од минатата сезона беше дел од Вардар, остатокот од договорот ќе го одработи како позајмен играч во Пролет 62. 

Двата клуба се договорија Бакар своите квалитети да ги покаже под водство на Александар Јовиќ и десниот бек веќе им се приклучи на новата екипа.

Пролет веќе ги започна подготовките за новата сезона, а покрај Бакар новајлии во тимот се уште и Стојчевиќ, Даскаловски, Шилегов и Глигоров.