Вараждин би останал база: Македонија во главната фаза може на Франција, Австрија...

Ракометната репрезентација на Македонија ќе се натпреварува во групата Д на Светското првенство кое ќе се одржува во Хрватска, Норвешка и Данска. Среќата посака нашите ракометари да се паднат во група која се игра близу до дома, во хрватскиот град Вараждин

<<< - ПОВРЗАНО - Македонија доби група по мерка на СП и ќе игра близу до дома!

Македонија ќе игра против репрезентациите на Унгарија, Холандија и Гвинеја, што е група по мерка ако се земе в предвид дека три од четирите селекции одат понатаму во главната фаза. Добра вест за ракометарите, но и навивачите е дека и при пласман во втората фаза би играле во Вараждин. 

Групата Д вкрстува со Ц-конкуренцијата, каде што беа извлечени селекциите на Франција, Австрија, Катар и Кувајт.

На стартот на Европското првенство Македонија ќе се судри со Унгарија на 15. јануари, два дена подоцна се игра со Холандија, а на 19. против Гвинејците.